Пожар ги пеплоса горните катови на две куќи во велешка Бузаана

Објавено: 24 јануари, 2017, во 15:10 часот

Изгоре внатрешниот дел на горниот кат на две куќи на улицата „Славе Петков“ во Велес. Пожарот, што се случи вчера околу 11 и 50 часот, најнапред избувнал на горниот кат во куќата на Љуба Манева. Потоа пламените јазици брзо се прошириле и на соседната куќа на Јованка Петрова, бидејќи двете куќи биле залепени една до друга.

Граѓани и сопствениците на куќите веднаш побарале помош од општинската противпожарна единица која на интервенцијата ги испратила сите пожарникари и едно противпожарно возило. Поради неичиститената улица „Славе Петков“, од мраз, снег и паркирани возила, противпожарното возило наишло на сериозен проблем со пристапноста до запалените куќи. Пожарникарите морале да постават линија од црева во должина од над 180 метри па потоа да започнат со гаснењето на огнот.

Интервенцијата траела до 15 и 30 часот кога пожарникарите го локализирале пожарот и спречиле пламените јазици да ги зафатат долните катови и покривите е на двете опожарени куќи како и да се префлат на другите соседни куќи. Овој дел на Велес, познат како Бузана, е густо населен со куќи кои се изградени и залепени една до друга.

Но огнот ги пеплосал горните катови на куќите на семејствата Маневи и Петрови. Во нив е изгорена покуќнина и се исчадени ѕидовите. Од водата, со која пожарникарите го локализирале пожарот, направена е штета и на долниот кат на двете куќи.

Според првичните информации пожарот го предизвикало грејно тело. Сопствениците на опожарените куќи рекоа дека добредојдена им е секака помош што ќе им помогне да ја санираат направената штета./С.А

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.