Акупресурата помага при запек
Објавено: 31 јануари, 2017, во 11:34 часот
Акупресурата е стара кинеска метода на лекување разни тегоби со притисок на одредени делови на телото.
Доколку имате проблеми со лошо варење, запек и чувствителни црева, обидете се да притиснете одредена точка на стомакот која се наоѓа два прста под папокот. Тоа се изведува кога желудникот е празен.
Притиснете ја истата точка 30 секунди, направете кратка пауза па повтореете. Притисокот нека во почетокот биде нежен па постепено поинтензивен. Во исто време, дишете нормално и нека очите ви бидат затворени – насочете ги мислите на точката која ја масирате.
Постапката можете да ја повторите два до три пати на ден, а секој пат нека не трае подолго од две минути. Овој метод помага и кај несоницата, хроничниот замор, инконтиненцијата, менструалните грчеви, неплодноста и импотенцијата.
