Временска прогноза
Објавено: 2 февруари, 2017, во 07:00 часот
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време.
Во сабота и недела на повеќе места ќе има повремен дожд со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Температурата ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика понатамошно топење на снежната покривка. Нов влажен бран се очекува во понеделник кон крајот на денот.
ДЕНЕСКА: Променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла по котлините. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Температура до 8 степени.
