Синдикатот на „Југохром“ бара средба со Димитриев

Објавено: 2 февруари, 2017, во 09:39 часот

Синдикатот на „Југохром“ бара уште една средба со претседателот на Владата, Емил Димитриев на која би се разговарало за статусот на вработените и компанијата.

„ Ургираме средбата да се оствари во најкраток можен рок, прилагодена на вашите слободни работни термини. Ви напоменуваме дека ви стоиме на располагање во сите 24 часа од денот“, стои во дописот до премиерот Димитриев.

Најавуваат дека на средбата ќе присуствуваат синдикални претставници и генералниот директор на компанијата.

Оттаму велат дека невладината организација „Еко Герила“ постојано го напаѓа „Југохром“ , но без стручно докажани аргументи.

„Загадувањето во Тетово како во летниот така и во зимскиот период во просек е за 50 отсто поголемо во однос на загадувањето во Јегуновце и околината што е докажано со мерења од акредитирана лабораторија кои мерења се извршени во текот на целиот ден и ноќ последователно неколку дена и во различен период од годината, под надзор и контрола на Државниот инспекторат за животна средина (мерењата се извршени од акредитираната лабораторија за животна средина Фармахем), се вели во соопштението.

Ова брање на синдикатот на компанијата доаѓа по новата одлука на Инспекторатот а животна средина да ја продолжи забраната за работа на компанијата за уште 90 дена.

Менаџментот најави дека веќе нама да може да ги држи вработените на работа и ќе дели откази.

Дел од работниците на оваа компанија веќе го имаат искористено правото на надоместок од Агенцијата за вработување и со новиот отказ би значело дека ќе останат без никакви примања.

Извор: Плусинфо

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.