Хан на средба со Иванов
Објавено: 10 февруари, 2017, во 10:40 часот
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска е на средба со претседателот Ѓорге Иванов. Предвидено е тој денеска да предаде и сертификати за донација на 33 теренски возила за потребите на Граничната полиција на Министерството за внатрешни работи и на Центарот за управување со кризи, каде се очекува тој да го соопшти својот став после вчерашните средби со лидерите на политичките партии кои освоија мандати во Парламентот на предвремените избори одржани на 11 декември лани.
– Што порано се формира влада тоа е подобро. Нема време за губење. На земајва и е потребна стабилна и влада на широка основа – изјави Хан пред разговорите со партиските лидери.
Хан вчера учествуваше на министерската конференција на шесте земји од Западен Балкан, посветена главно на енергетското поврзување.
