Рецепт за велигденски ручек: Сочно и меко јагнешко печење

Објавено: 14 април, 2017, во 13:41 часот

Со оглед на тоа што станува збор за семеен празничен ручек, ви препорачуваме месото да го ставите во доволно голема тава за печење, која има капак. Прекрасен вкус и мирис ова јагнешко ќе добие од рузмаринот, виното и чили сосот. Ви преостанува да ја вклучите рерната и да го испечете. Послужете го со млади компирчиња и многу многу салати.

Состојки: Јагнешко месо (оваа количина е за 2 кг месо), 4-5 гранчиња свеж рузмарин, маслиново масло, сол, црн пипер, 1 чаша црно вино, 4-5 чешниња лук и 1 шишенце сладок чили сос (го има во големите маркети).

Подготовка: Загрејте ја рерната на 150 степени. Месото ставете го во садот за печење и засечете на него 7-8 резови и во нив боцнете гранчиња рузмарин (исечкани на помали парченца); накапете го месото со маслиново масло и поросете го со крупна морска сол. На дното од садот истурете чаша вино и лукчето. Покријте го садот со капак и ставете го во месото во рерна да се пече околу 3 часа.

Извадете го и тргнете ги гранчињата рузмарин и залијте го месото со чили сосот па печете уште 30 минути, додека не добие убава боја.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.