Внимателно возете, коловозите се влажни!

Објавено: 17 мај, 2017, во 07:59 часот

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Виадукт Трејд ќе се изведува градежни активности – електрично осветлување околу 6 месеци, на клучка Белви на автопат А2, Е65, делница Хиподром – Миладиновци.

Патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола од превентивни причини сообраќајот се уште се пренасочува низ градот Битола.

На државниот пат А3 (М5), делница Ресен – Битола во тек се завршните активности за рехабилитација на коловозот.

Од клучка Кажани до премин Ѓавато (пунктот на Македонија Пат), се работи на должина од 1,8 км, односно од паркингот кај чешмите до самиот премин. На оваа делница сообраќајот се одвива двонасочно, односно на едната половина на патот каде не се изведуваат градежни работи. Тука патот е широк 11 метри и оставена е една трака со ширина од 5,5 метри за одвивање на двонасочен сообраќај.
Илинден А.Д. Струга известува дека ќе има времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498. Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга коловозна лента. Измената започна на 18.04.2017, а ќе трае до изградба на автопатот А2, делница Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) од км.0+000(22+246) до км. 11+498.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента е затворена за сообраќај, a сообраќајот се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.