Основниот суд во Велес ќе овозможи пракса на студенти и дипломрани правници

Објавено: 19 мај, 2017, во 09:09 часот

Студентите на правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ пракса ќе реалзираат во Основниот суд во Велес. Исто така, со приправнички стаж ќе можат да се стекнат и дипломираните правници пред полагањето на правосудниот испит. Ова го содржи Меморандумот за соработка помеѓу двете институции што деновиве го потпишаа претседателот на судот Александар Шопов и Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Проф. Д-р Коевски.

Документот беше потпишан на работна средба на која Шопов, како домаќин, ја презентирал работата на судот и просторните како и техничките капацитети на институцијата .

Исто така Шопов и Коевски размениле мислења, од досегашните искуства, за позитивни практики во спроведувањето на правната пракса во судот.

На средбата била потенцирана потребата од инклузивност помеѓу високообразовниот процес и стекнувањето на практични искуства со цел создавање на квалитетни правни практичари./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.