Децата од градинката спортуваа на градски стадион
Објавено: 19 мај, 2017, во 12:49 часот
Рипаа, скокаа, ползеа, се бркаа и играа со топка денеска на градскиот стадон во Велес децата од градинката „Димче Мирчев“. За нив беше организиран спортски ден. Тие на тревникот на стадионот изведоа десетици спортски активности кои имаа цел децата да бидат активни наместо да седат во затворен простор и да играат со мобилните телефони, ајпади или таблети.

Исто така од отворениот спортски ден беше упатена порака и до родителите да поттикнуваат поголема активност на децата на отворен простор каде ќе можат да спортуваат и меѓусебно да се дружат.

– Ние денеска не ги мериме резултатите со медали туку со насмевки. Сакаме сите овиде деца дома да се вратат среќни и насмеани. Целта ни е, тие преку игра и забава да бидат активни. Посакуваме тие токму преку играта да се дружат меѓу себе. Ова е прв настан а посакуваме веќе од наредната година да организираме по еден ваков ден во месецот, во неделата а зошто не и секој ден со што ќе ги оттргнеме од технологијата која ги прави неактивни, рече меѓународниот оупен фан инструктор ,Цено Александров.
Со спортските активност се придонесува кон севкупниот раст и развој на децата.

Од детската градинка велат дека тие континуирано спроведуваат вакви активност во текот на воспитно згрижувачката година на децата кои се згрижени во општинската установа.

– Имаме факултативна програма за спорт во нашата установа. Со оваа програма дополнително придонесуваме кон развивање на физичката активност на децата. Имаме и утринска гимнастика. Физчкото здравје на децата ни е најзначајно како и на моториката. Сакам да напоменам дека во тек е проектот „ Запознај ги спортовите“ преку кој децата подобро се запознаваат со сите спортски дисциплини а ни доаѓаат и успешни спортисти од нашата општина, рече Наташа Јанушева в.д дректорка на Детската градинка „Димче Мирчев“.
Денешниот спортски ден на децата го организираа градинката, општина Велес и Федерацијата на училиштен спорт./У.Ј

