Црна лимонада, пијалок кој прави чуда!

Објавено: 22 мај, 2017, во 09:35 часот

Црната лимонада е многу поразлична од кој било друг домашен напиток. Тие кои ја пијат тврдат дека е вистинско чудо за човечкиот организам, бидејќи го чисти од токсини и помага во намалување на маснотиите.

Ако не сакате црната боја, имајте предвид дека вкусот е идентичен на вкусот на обична лимонада.

Овој напиток се прави од само три состојки.

Главната состојка, таа која и се смета за „чудотворна” е активниот јаглен. Тој нема вкус, но е многу здрав, бидејќи помага нашето тело да се ослободи од штетните состојки и да се намали надуеноста. Исто така, експертите истакнуваат дека има способност да го намали нивото на холестерол и ја подмладува кожата.

Состојките за правење на црна лимонада се:
– 4 чаши филтрирана или флаширана вода
– 1/4 филџан свеж сок од лимон
– 1/4 лажички активен јаглен (една таблета)

Помешајте ги овие состојки и по желба додадете уште лимон.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.