СЈО отвори истрага против Груевски за незаконско финансирање на ВМРО ДПМНЕ
Објавено: 22 мај, 2017, во 10:29 часот
Специјалното јавно обвинителство отвори истрага против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за наводно нелегално финансирање на партијата, при што биле злоупотребени 4,9 милиони евра.
Обвинителката Фатиме Фетаи истакна дека парите биле злоупотребени во периодот од 2009 до 2015 година, а првоосомничениот претседател на паријата овие пари ги користел за лична природа, за како што рече, зацврстување на моќта во партијата.
