Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Објавено: 31 мај, 2017, во 08:21 часот

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Виадукт Трејд ќе изведува градежни активности – поставување визуелни бариери и сигнализација околу три месеци, на државниот пат А4 делница Петровец – клучка Кадино.

Виадукт Трејд ќе изведува градежни активности – електрично осветлување околу 6 месеци, на клучка Белви на автопат А2, Е65, делница Хиподром – Миладиновци.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.