Британија: Ова е можност да се обедини цела Македонија за интересите на граѓаните

Објавено: 1 јуни, 2017, во 16:38 часот

Британскиот министерот за Европа, Алан Данкан, денеска му честиташе на премиерот Зоран Заев за формирањето влада и додаде дека тоа претставува позитивен напредок по долготрајната политичка криза.

– И честитаме на Македонија за формирањето на новата влада. Ова е можност за целата земја да се обедини за интересите на сите граѓани на Македонија и на поширокиот регион. Ќе соработуваме со новата влада во нејзиното работење да спроведе битни реформи, особено зајакнување на владеењето на правото и отчетноста и напредок во целта за побрза интеграција во евроатлантските институции – изјави Данкан.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.