Сончево и топло со температура до 30 степени

Објавено: 12 јуни, 2017, во 08:53 часот

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 8 до 15 степени, а максималната од 23 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе биде од 13 до 28 степени.

И утре ќе се задржи стабилно и топло време. Во среда попладне повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и со поинтензивни процеси.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.