Дедото на Тамара останува во притвор и покрај влошеното здравје

Објавено: 20 јуни, 2017, во 08:53 часот

Љупчо Стојановски од велешкото село Караслари останува во притвор.

Одбраната побара од судот тој да биде ослободен од притвор поради, како што соопштија, влошената психичка здравствена состојба на Стојановски, со образложение дека целта може да се постигне и со поблаги мерки.

Основното јавно обвинителство го товари за убиство во обид, како и за недозволено поседување на оружје. Стојановски беше приведен откако го нападна поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Тој на 1 јуни, годинава, по две години од смртта на својата внука Тамара, пукаше во Тодоров пред Министерството за здравство./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.