Прес на СЈО точно напладне

Објавено: 29 јуни, 2017, во 08:15 часот

Во просториите на Специјалното јавно обвинителство ќе се одржи прес – конференција во пресрет на истекувањето на последните 2 дена за поднесување обвиненија до судот.

Претходно од СЈО најавија дека до крајот на неделата, јавноста ќе биде информирана за кои истраги ќе бидат поднесени обвиненија, и кои ќе бидат отфрлени.

Неодамна обвинителката Катица Јанева изјави дека очекува повеќето од истрагите што се веќе спроведени од СЈО да завршат со обвиненија.

СЈО досега подигна три обвиненија: за незаконско уништување на документација од системите на прислушување, за насилството во општина Центар и за случајот „Транспортер“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.