Два земјотреси синоќа и утрово во охридско

Објавено: 20 јули, 2017, во 11:52 часот

Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени се случил во 5.53 часот на 9 километри североисточно од Охрид и 4 километри источно од селото Косел. Земјотресот бил на длабочина од 11 километри, вели Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Речиси на истото место, земјотрес се случи и вчера во 21.48 часот, а тој имал сила од 2,7 степени по Рихтеровата скала.

Локацијата била речиси иста како на утринскиот, односно на 9 километри североисточно од Охрид и 5 километри источно од селото Косел, но длабочината била 2 километри.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.