Никој не претерал со пиење на Супер Купот

Објавено: 9 август, 2017, во 08:37 часот

За време од синоќешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед немало зголемен број на лекарски интервенции од вообичаено, информираа од Министерството за здравство.

– На Клиниката за токсикологија не е примен ниту еден пациент, во службата за Итна медицинска помош не се регистрирани колапси, а само еден странски државјанин со скршеница на рака е транспортиран во Клиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – велат оттаму.

Исто така, и од Ургентниот центар во комплексот клиники информираат дека ноќта поминала мирно и без зголемен број интервенции.

Оваа состојба, додаваат од Министерството за здравство, покажува зголемена свесност кај граѓаните и почитување на здравствените препораки.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.