Сончево и топло со температура до 32 степени
Објавено: 31 август, 2017, во 08:03 часот
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 22 до 32 Целзиусови степени. УВ-вредноста ќе изнесува 8.
Во наредните три дена времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Особено топло се очекува во петок и сабота, кога на места температурата ќе биде над просекот за овој период од годината.
Промена на времето се очекува во недела, кога под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабило со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Дневната температура ќе опадне, особено во почетокот на следната недела.


