Кој, каде и кого ќе поддржи на локалните избори?

Објавено: 27 септември, 2017, во 07:41 часот

Од официјализирани до неофицијални комбинации на коалиции. Партиите и кандидатите за градоначалник во предизборната трка иако велат дека граѓаните се тие кои ќе одлучат на избори, сепак кога се во прашање коалициските матеметики не оставаат на случајност, анализира ТВ24.

Владејачкиот двоец СДСМ и ДУИ веќе најавија официјална меѓусебна поддршка во неколку општини и тоа уште во првиот круг, што доега не било пракса.

ДУИ се изјасни дека се подготвени да ја дадат својата поддршка за Максим Димитриевски кандидатот за градоначалник од СДСМ во Куманово. Таму ДУИ немаат свој кандидат, но имаат своја советничка листа. Очекувањата на коалициските партнери се дека уште во првиот круг симпатизерите на ДУИ ќе ја дадат поддршката на Димитриевски.

ДУИ очекува поддршка од СДСМ пак во Чаир откако и премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев посочи дека дава гаранција за тоа. Поддршка а се очекува СДСМ да даде и за кандидатите за градоначалник на ДУИ во Тетово, Гостивар, но и други помали општини, а за возврат најверојатно интегративците ќе го поддржат Петре Шилегов како кандидат за градоначалник на Скопје.

Засега нема никакви официјални најави за можна соработка на ВМРО-ДПМНЕ со некоја од албанските партии иако се претпоставува дека можна е неофицијална поддршка со БЕСА во повеќе општини во вториот круг.

Груевски неформално би ја поддржал БЕСА во Тетово, Гостивар, Чаир, на смттка на тоа приврзаниците на Билал Касами би требало да ја дадат поддршката за Коце Трајановски во Скопје. Трајановски со самото тоа уште на конвенцијата најави дека доколку биде избран повторно за градоначалник негов заменик ќе биде Мухамет Амети.

Во општина Карпош пак ВМРО ДПМНЕ немаат свој кандидат за градоначалник, но имаат своја советничка листа и се очекува дека ќе го поддржат кандидатот на ГРОМ Стевче Јакимовски . Во Теарце и Центар Жупа ВМРО ДПМНЕ пак одат со своја посебна самостојна листа и посебен број на галсачкото ливче, додека во сите други општи коалиции предвоена од ВМРО ДПМНЕ оди под друг реден број.

Албанскиот блок, подржан од ДУИ, БЕСА и Алијасна на Албанците во Битола и ОХРИД заедно ќе ја барат поддршката од гласачите. Во Струга пак која што според сите анализи се очекува да биде најинтересната општина каде најмногу ќе се судрат копјата со свои кандидати се сите партиии од Собранието, освен ДПА. Кандидатот на Тачи на стартот на кампањата се откажа од трката со образложение да не го ситни дополнително албанското гласачко тело.

Се очекува во некои општини каде што има само два кандидати за градоначалник уште во првиот круг да се добие мандатот доколку кандиатот освои 50 процентиод гласовите, плус еден глас.

По двајца кандидати за градоначалници за престојните локални избори оваа година има во Берово, Пехчево, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Гевгелија, Богданци, но и во скопските општини Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода. Со тоа голема е веројатноста уште во првиот круг овде да се изберат новите градоначалници.

Иборите би се повториле во ситуација ако има доста неважечки ливчиња или ако резултатот е многу тесен. Вториот круг пак е се поизвесен во општините со доминантно албанско население.

Извор: 24 Вести

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.