Тајните документи од УБК се ништеле во Брест

Објавено: 2 октомври, 2017, во 10:53 часот

Првите тројца сведоци во случајот „Тврдина2“ потврдија дека по претходна наредба со две службени возила на МВР во тајната база наречена „Брест“, кај село Петровец, скопско, уништиле материјали кои биле од УБК, а биле сместени во црни кеси.

За содржината на уништениот материјал тие рекоа не знаат за што станува збор, а за самата постапка на ништење кажаа дека била изведена по претходна наредба на нивните претпоставени. Во случајов нивни претпоставени се двајцата „бегалци’ од правдата Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Според обвинението, сведок во постапката „Тврдина2“ е бегалецот и поранешен агент, Никола Бошковски, кому исто како и на неговиот шеф Грујевски, според денешната одлука на Судот, ќе им се суди во отсуство.

Извор: Плусинфо

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.