Водата од Лукар исправна за пиење!

Објавено: 20 ноември, 2017, во 09:59 часот

Со подобрувањето на временската состојба  и со превземените мерки од страна на Центарот за јавно здравје и ЈП Комуналец, водата од градскиот водовод е исправна за пиење.

„Во изминатите денови се вршеше зголемено хлорирање на водата од Лукар. По земените мостри и направените анализи утврдивме дека водата за пиење е исправна и нема потреба од претходно провривање“ рече д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Тој нагласува дека препораката за задолжително провривање е тргната, како за жителите на Кавадарци, така и за жителите на Неготино и Росоман, кои исто така со вода за пиење се снабдуваат од Лукар.

Поради обилните врнежи од дожд во четвртокот, минатата недела, повторно беше заматена водата од изворот Лукар и од Центарот за јавно здравје веднаш алармираа водата пред пиење задолжително да се проврива./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.