ЗНМ потпиша Меморандум за соработка, со бенефиции за новинарите, со Спортски центар „Борис Трајковски“
Објавено: 27 ноември, 2017, во 18:18 часот
Здружението на новинарите на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, со кој обезбедува бесплатно користење на базенот, фитнес центарот, пинг понг салата како и лизгалиштето за сите активни членови на ЗНМ.
Единствен услов за користење на овие поволности е да имате платена членарина во ЗНМ. При влезот во СЦ „Борис Трајковски“ треба да ја приложите членската книшка од Здружението. За корситењето на пинг понг салата препорачливо е однапред да се закаже термин на телефонскиот број: 076-361-185.
Според договорот, ЗНМ редовно ќе ги известува своите членови за најновите активности на СЦ „Борис Трајковски“.
