Видливоста на патиштата околу Скопје едвај 50 метри
Објавено: 15 декември, 2017, во 08:20 часот
Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на обиколницата околу Скопје, како и на патните правци Скопје – Катланово и Скопје – граничен премин Блаце.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека на останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.
Маглата предизвика проблеми и на скопскиот аеродром каде дел од летовите се откажани, а дел се пренасочени кон Охрид и Приштина.
