Студено утро со минусни температури, дневните до 6 степени
Објавено: 18 декември, 2017, во 08:13 часот
Променливо облачно и постудено време со локални врнежи од снег, особено во западните делови, каде на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен слаб снег претпладне. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
Утре ќе биде сончево и студено со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
Подрачјето на Македонија ќе се наоѓа под влијание на студена и сува воздушна маса, така што ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински и дневни температури. Утринските во среда, а особено во четврток на места ќе се спуштат и под -10 степени, а дневните ќе бидат во интервал од -2 до 5 степени.


