Дебата за контролата врз следењето на комуникациите
Објавено: 18 декември, 2017, во 08:52 часот
Денеска ќе се одржи дебата за предложените реформи на МВР и надзорните механизми за контрола врз следењето на комуникациите, од страна на работната група за контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и контраразузнавање.
На дебатата ќе зборуваат претставници на граѓанските организации кои учествуваат во работната група и претставници од МВР, а поканети се и пратеници од Собранието, Членови на комисијата за надзор над работата на управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, односно комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.
