Студени утра, облачно време со слаб северен ветер

Објавено: 20 декември, 2017, во 08:47 часот

Утрово времето е умерено до значително облачно со ниска облачност, а понекаде со слаб претежно северен ветер. На југозапад и југоисток е сосема ведро.

Претпладне денеска ќе биде малку до умерено облачно, а од средината на денот сончево со мала облачност. Само на североисток ќе се задржи облачноста. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата од 1 до 6 степени.

Во Скопје претпладне со зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата до четири степени.

До крајот на работната недела следува период на претежно сончево, суво и студено време со слаб до умерен северен ветер. Утрата ќе бидат најстудени во четврток и петок. За време на викендот се очекува преодно наоблачување со малку повисоки температури особено наутро и со услови за појава на слаб снег претежно во северните делови. Во Сабота ќе дува и засилен северозападен ветер.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.