Најстудено утрово во Лазарополе со минус 12 степени
Објавено: 20 декември, 2017, во 09:03 часот
Најстудено утрово е во Лазарополе со измерени 12 степени под нулата. Минусни температури има и во Маврово и Крушево (-10), Берово и Дебар (-8), Охрид и Претор (-6), минус пет степени во Тополчани, Ѓуриште, Пожаране, минус четири во Куманово и Прилеп, минус три во Крива Паланка, Штип, Струмица, Демир Капија, минус два во Битола, Скопје, Скопје Петровец и Тетово.
Најмногу снежна покривка измерена во 8 часот имало во Маврово (12 сантиметри), во Дебар 8, во Пожаране четири, во Крушево три и во Берово два сантиметра.


