Општина Велес ги награди и најдобрата студентка Надица Шкрекова и најхуманиот велешанец Тодор Митушевски

Објавено: 29 декември, 2017, во 00:17 часот

На новгодишната свеченост договорите за стипендирање ги добија по десетмината најдобри студенти и средношколци. Поточно средношколците Стојан Илиевски, Зорица Стојанова, Александар Милошевиќ, Даниела Василевска, Љубица Филипова, Никола Стоименов, Ристе Хаџиев, Ристе Мулев,Бојана Кацарова и Тамара Малинова како и најдобрите студенти Маја Костадинова, Надица Шкрекова, Ирена Христова,Клементина Ѓорѓиевска, Аргина Ѓорѓиевска, Тамара Савевска, Марија Мијакова, Елена Шкрекова, Изабела Апцева и Сандра Ташковска.

На свеченоста беше врачена и наградата најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2017 година што ја добива Надица Шкрекова, студент на Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Просек 9,92.

– Во моментов сум студент на петта година на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Просекот го постигнувам со многу учење. Многу работи треба да се жртвуваат, нема излегувања и викенди, мора постојано да одам на вежби и на пракса  и секако само голема желба бидејки во медицината без желба нема успех. Не сум одлучила целосно но би сакала да бидам лекар во мојот Велес и се надевам дека ќе можам да дадам личен придонес во нашите болници. Би сакала еден ден да бидам специјалист по интерна медицина. Би сакала на моите врсници да им порачам дека се ќе се им се исплати еден ден па вреди да се посветат на студирањето, рече Шкрекова.

Марјан Димески, претставник на „Нулта отпад“ им додели награди за најуспешните училишта во рамките на акцијата „Прогласување на најдобар центар за отпад во училиште и објект во градинка“.

Година Општината врати една традиција на наградување на вработените во администрацијата кои со својата професионалност и посветеност умеат да восхитат многумина. Добитник на годинешната награда е Љупче Андреевски, раководител на одделението за финансиски прашања како двете негови колешки Снежана Дервишова, советник во Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура и Наташа Калешова вработена во Одделението за правни, општи работи кои слават десетгодишен работен јубилеј.

Општина Велес го награди и велешанецот Тодор Митушевски, кој со години, со своја воља, совест и хумано срце, секој месец од пензијата одвојува извесна сума на средства и ја донира на Општинската Организација на Црвениот крст и за други хумани цели.

– Јас сум еден обичен граѓанин од Велес кој кога се пензионираше доби многу мала пензија па затоа одлучив да ја донирам каде што ќе биде потребно.  Од 2005 година почнав да ги донирам парите. на кого му требаше прво преку Повардарска епархија а потоа на Црвениот крст. Јас живеам надвор од Велес, во викендица, немм некои посебни потреби. Не сакам да знам на кого Црвен крст ги донира моите пари, јас веќе трета година ја уплаќам мојата пензија на нивната жиро сметка. Во градот има голем број на луѓе на кои им треба помош. Малкумина граѓани се донатори еве да ги поттикнам да се зголемува нивниот број за што поголем број на граѓани да добиваат помош, рече Митушевски.  /У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.