Слаб дожд во котлините и снег на планините
Објавено: 11 јануари, 2018, во 08:20 часот
Времето ќе биде променливо облачно, попладне на запад со слаб локален дожд, на повисоките планини со снег.
По одделни котлини ќе има појава на слаба магла, особено претпладне. Температурата ќе се движи од четири до 11 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со температура до седум степени.
Поради спуштање на постудена воздушна маса, од недела се можни врнежи од снег на повисоки места.
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри изутринава има на патниот правец Штип – Радовиш и од 30 – 50 метри на патниот правец Струмица – Ново Село, информираат АМСМ и ЈП „Македонија пат“.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


