Мемети за Фокус: Законот за амнестија е неправичен
Објавено: 15 јануари, 2018, во 16:39 часот
Законот за амнестија што беше изгласан во Собранието и тоа без да се земат во предвид забелешките кои ги имаше народниот правобранител Иџет Мемети.
Мемети предупредуваше дека законот е неправичен и нецелосен.
-Законот е неправичен, бидејќи ги става во нееднаква положба осудениците, со што ќе се изврши селективно извршување. Јас реагирав, но мојата забелешка никој не ја сослуша, рече Мемети за „Фокус“.
Тој додаде дека проблем ќе настане и во спроведувањето на законот откако тој ќе стапи на сила.
-За првпат во историјата се случува решенијата за амнестија да ги носат судовите, а не затворите, кои што ја поседуваат целата документација за осудениците. Како што е уредено, сега судовите ќе треба да ја прават математиката и ќе се затрупаат во административна работа, поради што мислам дека ќе се појави проблем, вели Мемети.
Целиот текст можете да прочитате тука
