(ВИДЕО) Американски пожарникар фати дете фрлено од трети кат во пожар

Објавено: 16 јануари, 2018, во 13:16 часот

Американскиот телевизиски канал Си-ен-ен објави снимка од спасување дете од запалена зграда во американската сојузна држава Џорџија.

Како што е наведено во описот на видеото, пожарот избувнал на 3 јануари во округот Де Калб, а снимката дури сега беше пуштена во јавноста. Во пожарот биле повредени 12 лица.

На видеото се гледа како пожарникарот фаќа дете што е фрлено од третиот кат на зградата.

„Детето го фативме како буквално да е фудбалска топка. Беше неверојатно“, рече еден од пожарникарите.

{vembed Y=hnPoaDr-q-I}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.