Одобрено е обвинението за „Титаник“

Објавено: 31 јануари, 2018, во 08:53 часот

Обвинителниот акт на СЈО за предметот „Титаник“ денеска е одобрен од Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1.

Од Кривичниот суд соопштија дека по одобрениот обвинителен акт формиран е кривичен предмет со КОК бр. 7/18 кој согласно АКМИС – електронскиот систем e распределен на понатамошно постапување, а откако ќе биде закажана главната расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Предметот „Титаник“ е прв случај што го обелодени СЈО, а се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Обвинети се поранешни функционери меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска. Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.