Владата потрошила 15.800 денари за реклами на ФБ и Твитер

Објавено: 20 февруари, 2018, во 18:14 часот

Владата на Република Македонија на 22 август донесе одлука со која повеќе нема да нарачува реклами во електронските радиодифузери, во весниците и порталите, како и билборди, но го задржува правото да информира за своите активности преку социјалните медиуми. За таквото информирање од нејзиното назначување во јуни се потрошени 15.800 денари, одговори портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на прашањата од „Мета“ за владиното рекламирање на социјалните мрежи.

Тој вели дека Владата е определена да креира демократски простор за информирање за граѓаните да донесуваат слободно мислење и тоа го докажала со одлуката да не се рекламира по медиуми и на билборди.

– Во моментов социјалните медиуми се најевтин канал за комуникација, и имајќи предвид дека кај нив не постои централно уредништво како кај другите медиуми, нема закана за наметнување на моќ и влијание од страна на државните институции кои комуницираат со граѓаните, и токму затоа се користат од многу влади во светот – појаснува Бошњаковски.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.