Повторно дождливо време
Објавено: 18 мај, 2018, во 14:16 часот
Во поголем дел од земјава времето ќе биде стабилно и суво. Попладнево ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места и ќе се интензивираат.
Утре,сабота, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе има и ретка појава на грмежи. Во недела ќе биде претежно стабилно и суво, а од понеделник во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.


