Од утре почнува летото

Објавено: 20 јуни, 2018, во 08:04 часот

leto fin

Од утре во Македонија и на северната хемисфера почнува летото. Истовремено на јужната полутопка настапува зимата. Во Македонија летото почнува во 12 часот и 7 минути. Овој 172 ден во годината е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето ќе изгрее во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.

На првиот ден од летото, според најавите од синоптичарите, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Веќе од петок се очекува поизразена нестабилност со поројни дождови и посвежо време.

Летото ќе заврши на 22 септември кога ќе почне есента.


Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.