72 годишна жена извадена мртва од Тиквешкото Езеро

Објавено: 31 јули, 2018, во 09:33 часот

tikvesko ezero

Полицијата денеска го идентификуваше телото на мртвата жена која синоќа беше пронајдена во водите на Тиквешкото Езеро.

“Утврдено е дека се работи за Н.Ч.Ш (72) од Кавадарци. Медицинска екипа од ЈЗУ Општа болница – Кавадарци изврши преглед на лицето и констатираше дека истотот е починато. Лешот е  предаден на Институтот за судска медицина  Скопје за обдукција.  Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци“ – информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Синоќа околу 20 часот во кавадаречката полиција било пријавено дека во месноста „Голеш“ на Тиквешкото Езеро е пронадено телото на Н.Ч.Ш.

Вчера во 07.00 часот во неготинската полиција било  пријавено  дека во кругот на млинот „Декамел“ во с.Тремник – демиркаписко е пронајдено починато лице. Утврдено е дека се работи за М.Ј.(57) од Неготино.  Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Неготино./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.