Анкета на ИПИС: На референдумот ЗА ќе гласаат 43,2%

Објавено: 14 август, 2018, во 08:21 часот

anketa referendum

Истражувањето на јавното мислење на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) покажува дека на претстојниот референдум 43,2 отсто од граѓаните

би гласале „за” промена на името, 22 отсто „против”, а 22,7 отсто од испитаниците рекле дека ќе го бојкотираат референдумот.

Одговорот не знам како ќе гласам го избрале 12 отсто од испитаниците.

 Анкетата е спроведена помеѓу 6 и 10 август на 1.110 полнолетни испитаници.

Од испитаниците кои одговориле дека на референдумот ќе гласаат „за“, 32,4 отсто се етнички Македонци, а 80,9 отсто се етнички Албанци.

Во однос на рејтингот на политичките партии, според одговорите на оваа анкета може да се види дека расте рејтингот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ,

а опаѓа довербата на граѓаните во владеачката партија СДСМ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.