Виси рокот за избор на Антикорупционерите
Објавено: 8 јануари, 2019, во 09:05 часот
Ќе остане ли земјава без Антикорупциска комисија за претседателските избори?! Опозијата нема да го гласа законот во Собрание. Власта по секоја цена и со европско знаменце планира да се избори во трката со роковите. Експертите пак се сомневаат дека и да помине законот во Собрание прекраток е рокот да се изберат претседателот и членовите на Комисијата пред 3 февруари, кога треба да се распишат изборите за иден шеф на државата, пишува ТВ 24.
Политичката волја за моќна и независна антикорупциска како и борбата со корупцијата во земјава, од март лани заглави во партиските лавиринти. ВМРО-ДПМНЕ е категорична дека нема да го поддржи законот во оваа форма како што е предложен. Дури и се надева дека власта ќе ретерира и сама ќе го повлече, бидејќи според нив законот е важен и треба да ја има поддршката од сите политички партии.
„Во ваква форма како што е предложен, претставува уште еден чадор што СДСМ сака да го инсталира и со помош на Кацарска судството и Русковска обвинителството во кое што во изминатите анкети граѓаните го кааа мислењето дека немаа доверба и сакаат повторно да се пресметуваат со политичките неистомисленици.“ – изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Последниот месец имаше три обиди законот да се донесе. На последната седница пред Нова година беше блокиран од 40 амандмани кои ги достави ВМРО. Но интервенираше власта за да спечи блокада, па на последната владина седница го врати во собрание со европско знаменце. Тоа ќе значи само три дена собраниска расправа, па гласање.
„Предлозите од страна на ВМРО-ДПМНЕ велат да немаат пристап до банкарски сметки, база на податовци, да не може да испитуваат финансирање на политички партии. Сметав дека како опозиција, тие ќе инстистираа да бидат повисоки критериумите и посилна да биде антикорупцика.“ – изјави Радмила Шеќеринска, вицепремиер.
Но за експертите кои ги контактираше ТВ 24 спорни се роковите кои тешко може да се стигнат. По гласањето во Собрание треба да се распише оглас за избор на членови, кој трае најмалку 8 дена, потоа следуваат интервјуата со кандидатите, кои треба да се пренесуваат во живо на собранискиот канал, дури потоа е изборот и верификаицијата на мандатите на претседателот и членовите на Комисијата. За експертите за се тоа се потребни повеќе денови од тие кои ги има во собранискиот календар. Приоритет на Собранието се уставните амандмани за кои крајниот рок за донесување е 15 јануари.
Пред тоа, антикорипцискиот закон нема да се најде на седница, а потоа е прекраток рокот за финализирање на процедурите. Инаку, речиси 10 месеци земјава е без Антикорупциска, откако пет членови на Комисијата си дадоа оставки по скандалот со бонусите и фиктивните патни трошоци кои сами си ги одобриле со интерна одлука.
Извор: ТВ 24
