Најстудено утрово во Битола а најмногу снег падна во Маврово

Објавено: 17 јануари, 2019, во 08:52 часот

bitola fin

Со измерени минус 18 степени најстудено утрово беше во Битола. Под нулата се измерени и во Скопје-Петровец, Лазарополе, Тетово и Берово, -11 Прилеп, -10 Струмица, минус девет Демир Капија, минус осум Штип и Куманово, минус седум Скопје-Зајчев Рид, минус шест Крива Паланка, Охрид и Претор, минус три Гевгелија и нула во Дојран.

Во текот на денот се очекува максималната температура да се движи од минус еден до девет степени.

Снег најмногу има во Маврово 57 сантиметри, 37 Лазарополе, 32 Тополчани, 27 Битола, 26 Охрид, 19 Тетово, Претор, 12 Прилеп, осум Струмица, седум Берово, Крива Паланка, шест Демир Капија, пет Штип, четири во Виница.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.