Македонското и украинското МНР на политички консултации

Објавено: 23 јануари, 2019, во 10:49 часот

MNR fin

Политички консултации помеѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Украина биле одржани во Киев, соопшти македонското МНР.

Консултациите биле предводени од државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски. и заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Васил Боднар.

„Димовски и Боднар изразија заемно задоволство од позитивниот тренд и динамиката на билатералните односи и го реафирмираа интересот за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог и соработката во сите области од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на економската соработка и во тој контекст на претстојната средба на мешовитиот комитет за спроведување на договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина“, велат од МНР за состанокот.

Воедно, биле разменети мислења и за други актуелни теми од меѓународните односи, внатрешнополитичките и економски состојби во двете земји, како и за актуелните регионални прашања. Во овој контекст украинската страна информирала за предизвиците со кои се соочува на безбедносен план, како и за тековните напори за нивно надминување.

Во рамките на политичките консултации бил потпишан план за консултации помеѓу двете министерства за надворешни работи за периодот 2019-2020 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.