Заев од Велес: Граѓаните на Македонија и граѓаните на соседна Грција со право можат да бидат горди бидејќи се генерацијата која стави крај на една епизода од незавршениот мир на балканот

Објавено: 26 јануари, 2019, во 13:54 часот

Zaev1 fin

Граѓаните на Македонија и граѓаните на соседна Грција со право можат да бидат горди бидејќи се генерацијата која стави крај на една епизода од незавршениот мир на балканот, но и од целиот наш регион. Победници се и оние кои се противеа на Договорот од Преспа бидејќи и за нив доаѓа време на просперитет, мир и пријателство, рече на почетокот на пораката што од Велес ја испрати македонскиот премиер Зоран Заев .

Премиерот Заев му честита на неговиот колега Алексис Ципрас, за како што рече, победничкото гласање во Парламентот за Преспанскиот договор.

– Му честитам на мојот пријател Алексис Ципрас со гордост и со благодарност за победничкото гласање во грчкиот парламент за Договорот од Преспа. Упатувам благодарност на членовите на парламентите и на двете земји, на сите храбри жени и мажи, кои избраа заеднички да го дадат својот глас со кој победува иднината. Глас со кој се стави крај на стравот што ни го прикажуваа како несовладлив. Разрешивме спор кој ни го прикажуваа како нерешлив.Јас и мојот пријател Ципрас минатото лето постигнавме договор заедно со нашите тимови предводени од министрите за надворешни работидојдовме до точката на откровение. Секоја страна треба да даде нешто за да може секој да добие многу, многу повеќе од тоа што го даваме. Сега имаме верификувано суштинско пријателство. Од Велес тргнуваме со уште поголема сила за граѓаните и народите на двете земји, рече Заев.

Тој додаде дека иднината нема веќе да ја гледаме како фатална судбина, туку како заеднички пат поплочен со пријателски намери и со вредности кои што произлегуваат од заедничкото европско смејство.

– Сите ние знаеме дека не беше лесно но беше повеќе од потребно,крајно потребно за двете земји и двата народи. Нужен влог за децата и граѓаните да ни живеат подобро. Храбрите граѓани избраа да ги отфрлат сеништата од минатото и на светот да му дадат Балкан од кој извираат можности и политичка стабилност, место со поврзани соседи и пријателства, зона на економски процут, модел за интеграција, додаде Заев.

Премиерот потенцираше дека на Европа и на светот им треба стабилност и соработка за решавање на глобалните проблеми кои се и македонски проблеми.

– Еве ме штотуку вратен од Давос со потпретседателот на Владата, вашиот Велешанец Кочо Анѓушев и министерот за економија, Бектеши. Бевме да ги мотивираме инвеститорите, присутни на најголемиот светски економски форум, и да потврдиме дека сме подготвен за глобалниот демократски и економски свет. Бев и лани во Давос но верувајте сега е многу полесно, нема кој не слушнал за Македонија, нема кој не знае дека најдовме историско решение со Грција. Сите знаат дека сме фактор на стабилност и безбедност. Знаат дека влегуваме во НАТО и сме подготвени за економијата, рече Заев.

Тој на трибината „Силна економија – шанса за сите“ што се одржа во Велес додаде дека сакаат да разговараат со граѓаните за македонската економија која станува силна и преку која ќе се создава шанса за сите граѓани во Македонија./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.