Филипче ги посети повредените, седуммина во критична состојба
Објавено: 14 февруари, 2019, во 09:17 часот
Министерот за здравство Венко Филипче изутринава ги посети повредените пациенти во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи на автопатот Скопје-Тетово и во која починаа 14 лица.
Од Министерството за здравство соопштија дека четворица од повредените пациенти во Градската општа болница „8 Септември“ и тројца повредени пациенти во Ургентниот центар сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.
Ангажирани се сите ресурси и правиме сé за да ги спасиме животите на тешко повредените. Со повеќе информации ќе излеземе во текот на денешниот ден, информираат од Министерството.
