Заев: Наскоро ќе се одржи лидерска средба

Објавено: 6 март, 2019, во 14:29 часот

zaev izjava nova

Премиерот Зоран Заев денеска од Кавадарци најави дека е подготвен за одржување на лидерска средба на која би се разговарало за СЈО, реформите но и останатите актуелни прашања во земјава.

„Секако, лидерска средба е време да одржиме едно  заради реформите и реформските закони во собранието,  второ заради претстојните претседателски избори кои доаѓаат пред нас   и трета работа е вредно да се разговара било кое отворено прашање.  Јас секогаш давам шанса на дијалогот. Дијалогот е од помош за нашата земја за сите отворени прашања. “ рече Заев и искажа оптимизам дека лидерска средба ќе се одржи наскоро, а терминот ќе го усогласат и со шефот на македонската опозиција. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.