Во критична состојба 16 – годишната девојка со морбили

Објавено: 23 април, 2019, во 17:15 часот

infektivnaklinikask fin

На Клиниката за инфективни болести една 16-годишна девојка која има морбили и бронхопневмонија е во животозагрозувачка состојба и е на механичка вентилација, а две деца и двајца возрасни се во потешка здравствена состојба како последица на заболувањето, информираа од оваа јавна здравствена установа.

Од Клиниката посочуваат дека во изминатите 24 часа амбулатски биле прегледани четворица пациенти, меѓу кои едно невакцинирано осуммесечно бебе од скопското село Шишево, четиримесечно бебе од Сарај и двајца возрасни од Чаир.

На Клиниката се хоспитализирани 35 пациенти од кои 14 возрасни и 21 дете.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.