По прогнозираните 40 Целзиусови степени, вечерва дожд и грмежи

Објавено: 14 август, 2019, во 09:02 часот

dozd fin

Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло. Кон крајот на денот на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер од над 70 километри на час. УВ=9

Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а дневната температура од 28 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Кон крајот на денот на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер. УВ=9

Утринската температура ќе достигне до 21, а дневната температура до 38 степени.

Утре на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Во четврток и петок температурите ќе се намалат за 5 до 8 степени.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.