Топло со температура до 37 Целзиусови степени

Објавено: 20 август, 2019, во 06:21 часот

kaneo fin

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од девет до 18, а максималната од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската ќе изнесува 15, а дневната ќе достигне до 34 степени Целзиусови.

Во наредните денови следува период на стабилно и топло време. Зголемена облачност се очекува за време на наредниот викенд.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.