Товарен воз се излизга од шините меѓу Миравци и Клисура, нема повредени

Објавено: 2 април, 2020, во 10:20 часот

voz fin

Товарен воз што сообраќал на релација Гевгелија-Трубарево, меѓу станиците Миравци и Клисура, утрово околу 6 часот и 40 минути се излигал од шините откако претходно удрил во одрон од камења. Во незгодата нема повредени.

Од СВР Струмица потврдија дека поради незгодата железничкиот сообраќај е во прекин меѓу Гевгелија и Велес.

Полицијата врши увид на местото на несреќата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.