Бајката „Икабог“ на авторката на „Хари Потер“ се објавува онлајн

Објавено: 29 мај, 2020, во 15:50 часот

avtorka fin

Џ.К. Роулинг ги изненади обожавателите со објавата за нова книга за деца, која од завчера веќе се објавува во делови на нејзината веб-страница и е достапна бесплатно.

„Икабог“ е бајка и прва детска приказна на авторката која не е поврзана со „Хари Потер“, серијата книги за момчето волшебник, која ѝ донесе светска слава.

Роулинг ја напишала „Икабог“ пред повеќе од една деценија за своите деца и решила да ја објави за време на пандемијата, пренесува Би-Би-Си.

– Таа е за децата кои се во карантин, па дури и за оние кои одат на училиште во период на овие чудни, вознемирувачки времиња – изјави таа.

Деловите од „Икабог“ ќе бидат објавувани секој ден од 26 мај до 10 јули.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.