Уште два нови случаи на Ковид 19 во Кавадарци

Објавено: 1 јули, 2020, во 14:20 часот

kavadarci dumaПродолжува да расте бројот на нови заболени од корона вирус и во Кавадарци. Денеска дијагностицирани се два случаи позитивни на ковид 19 , потврдија од Центарот за јавно здравје.

„Станува збор за жена на возраст од 67 години. Имала благи симптоми и затоа е извршено тестирање, кое покажа дека е позитивна. Позитивен  е и маж на возраст од 44 години. Работел во „Дрекслмајер“. Работниците од линијата каде работел тој се веќе испуштени“ рече за КТВ епидемиологот од Центарот за јавно здравје Кавадарци, д-р Ристе Јовановски. 

Во моментов се работи на утврдување на контактите на новите двајца позитивни во Кавадарци. /А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.